Home Живот и здравје Ова се четирите знаци кои укажуваат дека врската ви се распаѓа: Како ли можете да ја избегнете разделбата?

Ова се четирите знаци кои укажуваат дека врската ви се распаѓа: Како ли можете да ја избегнете разделбата?

Доколку имате чувство дена нешто не е во ред со вашата врска во последно време обидете се да ја откриете причината за таквите чувства.

Преиспитајте ги следните четири ставки и ќе дојдете до заклучок дали можете воопшто да поработите на врската или со партнерот сте само од навика.

Комуникацијата и заедничкиот хумор се драстично намалени

Ова е сериозен проблем бидејќи комуникацијата е клучна работа за еден однос да биде успешен, било да станува збор за љубов, пријателска или роднинска. Ако забележите дека во последно време не се смеете на исти работи и дека комуникацијата ви е сведена на договорање околу јадењето, обидете се да седнете и сериозно да поразговарате со партнерот.

Ги гледате само неговите недостатоци

Ако ги занемарувате квалитетите и гледате само недостатоци кај партнерот, ќе бидете секогаш незадоволни од врската и партнерот. Насочете се на квалитетите и причините зошто сте заедно.

Секогаш сте подготвени за расправија

Дали забележувате дека постојано сте мрзеливи и нервозни и подготвени на расправија со партнерот, дури и околу ситници, размислете дали во тоа лежи некој подлабок проблем.

Немате време за заеднички активности

Не се сеќавате кога последен пат сте отишле заедно во кино, театар или на патување? Запрашајте се што се променило и разговарајте со партнерот за промена на таа сосотјба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 НЕВИДЛИВИ ЗНАЦИ ДЕКА ТЕЛОТО И МОЗОКОТ СТРАДААТ ОД БЕЗСОНИЦА (ДУРИ И КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СП…