Home Шоубизнис Со Бурческа за Македонија се очекува најдобар резултат на Евровизија до сега

Со Бурческа за Македонија се очекува најдобар резултат на Евровизија до сега

Со „Dance Alone“ на Јана Бурческа Македонија има реална шанса да го постигне најдобриот резултат на Евровизија, пишува интернет изданието на тиражниот бесплатен дневен весник „20 минут“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Македонија, според „20 минут“, никогаш не се нашла меѓу Топ 10 песните на Евровозија, а со „Dance Alone“ на Јана Бурческа Македонија има реална шанса да го постигне најдобриот резултат на Евровизија, оценува авторот на текстот.

За уметничката Јана Бурческа, „20 минут“ пишува дека била петта на македонската верзија на „Нова ѕвезда“ во 2011. Нејзината песна „Dance Alone“ компонирана од меѓународен тим, беше избрана меѓу 200 предлози за да ја претставува Македонија на Евровизија.

На прашањето кои се шансите за победа на „Dance Alone“, „20 минут“ одговара – Реални! Песната е една од најсовремените кои се во трка оваа година. Ако сценографијата и вокалната изведба во живо следат, тогаш има реални шанси да се обложиме деја Македонија ќе се најде меѓу Топ 10 на финалната вечер. И можеби првото место… Со рефренот: Ќе играм сама, било каде да сум, ритамот следи. Ќе играм сама изгубена во звукот…

„20 минут“ потсетува дека Македонија од првото учество на Евровизија во 1998 година, никогаш не постигнала подобро место од дванаесеттото во 2006 година од вкупно 16 учества.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …