Снимката од 2017 година поради која актерот Морган Фримен се најде на црната листа од Путин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради снимка направена во 2017 година славниот холивдуски актер Морган Фримен беше ставен на црната листа на Владимир Путин.

„Вашингтон пост“ пишува дека името на Морган Фримен е нешто изненадувачки меѓу сите сите политичари и наведуваат дека Русите во образложението навеле дека Фримен објавил видео во кое „ја обвинува Русија за заговор против САД и повикува на борба против нашата земја“.

Видеото е снимено во 2017 година во продукција на Комитетот за истрага на Русија(Committee to Investigate Russia). Во него, актерот алегорично, раскажувајќи за измислено филмско сценарио, зборува за политичкиот пат и подем на Владимир Путин, а споменува и како тој ги користи социјалните мрежи за да ја шири својата пропаганда.

Местото на таа листа објавена од руското МНР значи дека на споменатите 963 Американци не им е дозволен влез во Русија, а самата листа има претежно симболично значење. На листата се и Џо Бајден и Камала Харис.