Снимка која го ШОКИРА светот: Безбол играч брутално ја тепа девојката!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Данри Васкез, безбол играч на Ланкастер, го згрози целиот свет откако се појави снимка на која се гледа како брутлано ја тепа својата девојка.

Поради овој монструозен и одвратен чин Васкез е приведен, но потоа следеше уште еден шок. Имено, сите обвиненија против него беа отфрлени бидејќи платил парична казна и ветил дека ќе оди на советување.

Меѓутоа, раководните луѓе во неговиот клуб донесоа исправна одлука.

„Моравме да го отпуштиме. Никој во клубот нема да толерира вакво однесување“, изјави менаџерот на клубот Рос Пеплес.

Безбол играчот беше уапсен два дена после инцидентот бидејќи беше „уловен“ од сигурносните камери.