Снимено со дрон како кит Орка јаде ајкула (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Слејтер Мур со својот дрон ја фати веројатно една од најретките сцени кои има можност да ги види човекот – две возрасни женки од видот Орка и нивните младенчиња како јадат ајкула во водите на заливот Монтереј во Калифорнија.

Поточно, станува збор за подвидот на Орки наречен Офшор, чии снимки и фотографии од нив се многу ретки, па поради тоа оваа снимка со хранење на младенчињата е уште повредна, вели Verge.

Мур пловеше со бротчето SeaWolf II и се обидуваше да ги сними Орките кога забележа две женки со своите младенчиња.

„Една од нив, одненадеж, од водата подигна цела ајкула. Уште беше жива и преташе“, раскажува Кејтлин Тејлор, морски биолог која беше на бродот со Мур. Снимките од Офшор Орки како се хранат се многу ретки бидејќи главно се хранат со риба, па ловат под морската површина и тешко е да се „уловат“ во акција за хранење. Се знаеше дека овој подвид понекогаш јаде и цели ајкули, но никогаш не беше забележано тоа. Кога морето ќе исфрли труп од мртов кит Орка на брегот често во нивните утроби луѓето наоѓаа остатоци од ајкули.

Офшор Орките во заливот Монтереј се појавуваат само еднаш годишно. Не се знае каде точно го поминуваат најголемиот дел од времето преку цела година. Се појавуваат од брегот на Алјаска па сè до Калифорнија.