Home Вебкафе Смртта на афроамериканец кој почина после апсење ги судри демонстрантите и полицијата во САД

Смртта на афроамериканец кој почина после апсење ги судри демонстрантите и полицијата во САД

Насилни протести беа реакција на револтираните граѓани од Минеаполис после смртта на 46-годишниот афроамериканец Џорџ Флојд, кој невооружен беше совладан за апсење од страна на полицајци и почина при апсењето.

Градоначалникот повика да бидат покренати криминални обвиненија против полицаецот кој со колено го притискаше вратот на 46-годишниот Џорџ Флојд, кој подоцна почина во болница. Четворицата полицајци кои учествуваа во трагичниот инцидент добија отказ, додека ФБИ отвори истрага. Стотици луѓе вчера излегоа на улиците на Минеаполис, најавувајќи дека тоа ќе биде мирен протест и дека ќе се почитува социјално дистанцирање, но имаше судири со полицијата, која употреби солзавец откако беше гаѓана со камења.

Полицајците реагирале на повик за фалсификувани пари . На видеото кое го снимил случаен минувач се гледа како еден од полицајците со колено го притиска вратот на Флојд, кој неколку пати повторува дека не може да дише. Тој со амбулантно возило бил однесен во болница, каде што починал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Десет магични места на Медитеранот за вашето следно патување

Замислете го ветерот како нежно ја замавнува завесата додека седите на тераса со поглед ко…