Слушнете го моќниот на Кидман на доделувањето на SAG Awards


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Говорејќи за стареењето во Холивуд, славната актерка Никол Кидман одржа моќен и емотивен говор на доделувањето на SAG наградите, каде освои награда за најдобра женска улога во ТВ серијата Big Little Lies.

Познатата актерка истакна дека индустријата конечно раскажува и прославува приказни за жените кои имаат повеќе од 40 години.

-Риз Витерспун, Лаура Дерн, мои талентирани актерски партнери.. Го споделувам ова со вас, започна Кидман обраќајки им се на своите колешки од серијата Big Little Lies, а спомна и неколку номинирани актерки на кои таа се восхитува меѓу кои и Сузан Сарандон, Џесика Ланг и Мерил Стрип.

-Сакам да ви се заблагодарам за сите ваши перформанси што ги дадовте во текот на вашата кариера, прекрасно е што нашите кариери денес можат да надминат повеќе од 40 години. Пред 20 години бевме далеку од оваа фаза во нашите животи што не е случај во моментов. Докажавме, а и многу актерки докажуваат дека имаме потенцијал, сме моќни и остварливи. Јас молам индустријата да остане позади нас затоа што нашите стории се веќе раскажани. Ова е само почеток и сум многу горда што сум дел од заедницата која ја создава оваа промена. Ги замолувам писателите, режисерите и финансиерите да ги стават своите пари и страст зад нашите приказни. Ние докажавме дека можеме да го правиме ова, но само со поддршка на индустријата и тие пари и страсти, видно расплакана продолжи Никол.