Home Актуелно Словенечки мвооружени антимигрантски паравоени структури на границата со Хрватска

Словенечки мвооружени антимигрантски паравоени структури на границата со Хрватска

Словенија ја тресе бура од реакции на јавноста откако словенечкиот весник Дело објави серија фотографии од триесетина вооружени и дел маскирани паравоени структури кои вежбаат во воен тренинг камп на границата со Хрватска.

Директорката на полицијата и министерството за правосудство на Словенија порачуваат дека тоа е недозволиво , а словенечкиот премиер од годишен одмор ја смирува нацијата.

„Словенија е безбедна земја”, порача премиерот Марјан Шарец.

Деновиве љубљанскиот весник Дело објави репортажа од тенинг кампот на т.н. ,,Штајерска стража” , самоорганизирана група луѓе, која се вежба по воени правила ,,за конфликтите кои се неминиовни”.

Тоа го вели водачот на групата Андреј Шишко , кој тврди и дека не се паравоена групација. Тој собрал 45 припадници на групата и ги вежба во планинско подрачје на 20 – тина километри од границата со Хрватска.

Кампот е формиран на приватно земјиште , а Шишко тренингот го пријавил во полиција од каде има дозвола.

За три дена од како почнал да работи кампот, сепак полицијата не го посетила истиот, иако таму има маскирани лица , како и оние кои вежбаат со вистинско оружје, пишува Дело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 необични начини да се разладиш летово

Многумина луѓе имаат само една работа што им го нарушува уживањето во летниот период: врел…