Славните сестри голи за Версаче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славните сестри од светот на модата и шоубизнисот, Џиџи и Бела Хадид, позираа целосно голи со црвено јаболко во рацете додека интимните делови ги покриваа со чанти „Версаче“.

Но, деталот што ги запрепасти нивните обожаватели е змијата обвиткана околу ногата на Бела, а може само да се претпостави дека Донатела Версаче (66) е инспирирана од библиските мотиви на Ева и познатата слика на Ботичели „Раѓањето на Венера“.

– Моите божици од Версаче – напиша Донатела во описот на контроверзната фотографија која ја објави на својот Инстаграм, додека во коментарите имаше пофалби, бројни критики.

„Брутално згодни“, „Ова е епско“, „Апсолутно волшебно“, „Уметност“, „Но зошто?“, „, се дел од коментарите под фотографијата кои собраа речиси милион лајкови.