Славни

Слај и Шварци во елемент

Легендите на акциските филмови кои „палеа и жареа“ на малите екрани во последните две децении од минатиот век, продолужуваат да доминираат и на социјалните мрежи во свој стил како големи фраери и уште поголеми пријатели, освојувајќи ги симпатиите на најшироката публика на „социјалата“.

Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер меѓусебно се забавуваат на своите профили на Инстаграм. Покрај снимките од теретана и промотивниот материјал за нови филмови, тие знаат и да објават заеднички смешни фотографии и видеа. Така, Сталоне неодамна објави видео од него, Долф Лундгрен и Шварценегер како уживаат во животот и стареат достоинствено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Тој сега продолжи со играта , објавувајќи фотографија со Арнолд кој не изгледа каков што е во реалноста. Сталоне го фотошопирал, така што изгледа како да е понизок од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

„Арнолд ја смени диетата и стана хобит. Ама без гајле, ќе го истегнам професионално за следниот Expendables“, напиша Сталоне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Сè е дел од шегата, бидејќи двајцата актери се добри пријатели. Сталоне неодамна наполни 73, а Шварценегер 72 години.

Advertisements
To Top