Home Спорт Скубе останува верен на Вардар до 2022 година!

Скубе останува верен на Вардар до 2022 година!

Словенскиот интернационалец Сташ Скубе го продолжи договорот со Вардар, и во наредните три години ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

Вардар му понуди нов договор на организаторот на играта, а Скубе реши да му остане верен на европскиот шампион, па стави потпис на договор до 2022 година.

„Навистина сум среќен дека ќе го носам овој дрес уште три години! Ќе се борам за нашите цели до крај!“, изјави Скубе.

Скубе дојде на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како една од важните алки во играта на Вардар. Сезонава во ЛШ тој постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…