Скоро 50 години автомобилот му стоел паркиран на едно место без да го мрдне – дури сега му го преместиле


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во 1974 година, кога брачната двојка Анџело Фреголенти (94) и Бертила Модоло (84) купиле мал киоск во општина Конељано, недалеку од Тревизо, Анџело ја паркирал својата Lancia недалеку од киоскот. Во автомобилот чувал непродадени весници и ја користел како магацин за материјали. И така цели 47 години, во кои ниту еден ден Lancia Fulvia не се мрднала од паркингот.

Автомобилот стоел на истото место до денес, кога колата била одземена од комуналните служби, за да може да се реконструира улицата. Киоскот повеќе не е отворен, а Анџело и Бертила се во пензија. Меѓутоа, како што локалното население се заљуби во Lancia, таа ќе биде вратена на улиците на градот. По реновирањето, сивата Lancia Fulvia ќе добие почесно место во паркот спроти киоскот и ќе биде изложена како уметничка инсталација.