Home Актуелно Скопјанец претепал баба и внука

Скопјанец претепал баба и внука

Во Единица за информации и команда, Скопје, вчера во 10 часот Т.Е. (27) од Скопје пријавила дека С.В. физички ја малтретирал неа и нејзината баба Д.В. (76) од Скопје.

Поради претходна расправија за нерасчистени имотноправни односи, С.В. ги удирал со тупаници во пределот на лицето. Во полициска станица Гази Баба со него бил извршен разговор и бил констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…