Паднала од автобус во движење и се здобила со скршеници на черепот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Седумнаесетгодипна девојка од тетовското село Боговиње е тешко повредена при пад од автобус. Таа се здобила со скршеница на черепот кога вчера попладне паднала од автобус во движење.

Како што информираше тетовската полиција, девојката била донесена вчера во 15.20 часот во Клиничката болница во Тетово, при што лекарите утврдиле фрактура на черепот. Поради тежината на повредите е пренесена во Ургентен центар во Скопје.

Случајот во полиција го пријавил возачот на автобусот, половина час откако девојката била однесена во тетовската болница. Полицијата и јавен обвинител работат на утврдување на околностите за несреќата.