Home Актуелно Скандинавски „парадокс“: Лежат на нафта, а возат повеќе електрични автомобили

Скандинавски „парадокс“: Лежат на нафта, а возат повеќе електрични автомобили

Граѓаните на Норвешка само оваа година имаат купено 58,4% електрични автомобили од вкупниот број на нови возила, со што Норвешка дефинитивно се востоличува како земја-лидер во користењето на еколошки возила.

Само во март 2019 година во Норвешка се регистрирани 18.375 нови автомобили, од кои 10.732 се електрични возила. Тоа е двојно повеќе во однос на март 2018, меѓутоа забележан е пад на регистрираните хибридни возила.

Најпродаван автомобил е Тесла модел 3 со 5.315 регистрирани единици.

Целта на Норвешка, која е една од најголемите извозници на нафта во светот, е до 2025 година да престане со продажбата на автомобили на конвенционален погон.

Владата на Норвешка ги охрабрува своите граѓани да купуваат електрични возила низ разни субвенции, како ослободување од ДДв и данок на издувни гасови, потоа поевтина царина, патарина, паркинг, траект.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…