СКАНДАЛ: Натпреварот ПСЖ – Црвена Звезда бил наместен!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена звезда е под истрага откако УЕФА добила дојава дека директор на клубот од Србија е подготвен да уплати речиси 5 милиони евра на пораз на неговиот тим од пет гола разлика, пренесува еминентниот „Екип“.

Француското обвинителство отвори истрага за мечот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во ЛШ. Непосредно пред мечот, УЕФА била информирана дека директор на српскиот клуб се подготвува да уплати скоро 5 милиони евра на тоа дека Црвена Звезда ќе загуби со пет гола разлика и да заработи десетици милиони евра.

Наводно директорот планот требал да го спроведе со уште неколку играчи, кои требале да се погрижат да биде остварен саканиот резултат.

Неколку денови пред самиот натпревар, УЕФА го известила француското обвинителство околу можни нелегални активности, а за сево ова запознаен бил и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и неговите блиски соработници.

Легендарниот Драган Џајиќ кој е почесен претседател на Црвена Звезда во изјава за „Екип“ тврди дека е шокиран од веста.

„Вие сте први кои ми кажувате вакво нешто. Не сум слушнал ништо, не е возможно ова, не е вистина!“

ПСЖ на овој натпревар победи со 6:1, точно со пет гола разлика, па сега се утврдува дали и каде е направена уплатата.