СКАНДАЛ: Играч на Монако го лажирал името и годините


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Монако, Ласина Траоре кој во моментов е позајмен во Амиен цели 13 години играл со лажно име и презиме и има повеќе години отколку што претставува.

Ова го откри Ибрахим Конте претседател на клубот Етоал во Брегот на Слоновата Коска, каде Траоре ја започна кариерата.

Ласина Траоре во 2005 година го донесов во нашиот клуб и тогаш тој се викаше Траоре Менене. На мое големо изненадување подоцна ги промени своите години и името. Овој проблем трае 13 години. Не е фер во спортска смисла и поради тоа поднесувам правен случај против него. Знам многу работи кои може да докажат дека навистина играше за нашиот клуб по други податоци. Мора да се пронајде решение за оваа неправда, а ако не се пронајде ќе одам и пред Арбитражниот суд за спорт“, изјави Коне.

Ласина Траоре играше во многу клубови ширум Европа, меѓу другите во Евертон, Спортинг Хихон и Монако.