Сите го користат: Дали знаете кое е значењето на зборот АМИН?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Амин е зборот со кој се завршува секоја молитва, а кој често се употребува и во неформален контекст кога некој сака да означи крај на нешто или да изрази некаква конечна согласност. Иако неговото значење е доста едноставно, ретко кој го знае неговото вистинско значење.

Зборот амин потекнува од хебрејскиот збор āmēn и ова зборче е едно од ретките кое останало речиси непроменето. Неговото значење преживеало илјадници години, а неговата форма е само прилагодена на неколку различни јазици.

Зборот датира од времето на првите пишани зборови и се појавува во најраните еврејски списи. Неговото значење се врзува со одобрување и означување на нешто што допрва ќе се случи. Преводот на зборот амин е „нека биде така“, односно „така е!“. Амин се користи и за да се укаже на тоа дека некој во целост се согласува со нешто и во таа смисла значи „вистина, без сомнеж, неспорно“.

Етимолошки, овој збор доаѓа од хебрејскиот глагол „аман“ што се преведува како „зајакнување, потврдување“. Меѓутоа, коренот на овој збор е општосемитски и може да се најде и во арамејскиот јазик кој го говорел и на кој проповедал самиот Исус Христос. Во православните евангелија овој збор е употребен вкупно 77 пати, и тоа во најчест случај изговорен од устата на Спасителот.

Граматичарите сметаат дека согласничкиот корен на овој збор е „амн“ (бидејќи „алеф“ има функција на согласка во морфологијата на хебрејскиот јазик) и дека тој корен знчаи „да се биде цврст, потврда, доверба, верно, да се има вера, да се верува“.

Дури и Арапите имаат збор „аман“ кој го има истото значење и кој се претвора во „амин“ на ист начин како и во хебрејскиот. Муслиманите зборот „амин“ го користат исто како и Евреите и христијаните – при завршување на молитвата.

Многу поборници на теозофијата, афроцентрични историски теори и езотеричното христијанство сметаат дека зборот „амин“ е поврзан со египетскиот бог Амон, кој понекогаш се нарекува и Амен. Во еден момент Амон се поврзал со богот на Сонцето, Ра, и така станал Амон-Ра. Во таа форма тој бил крал на боговите и најважно египетско божество, трансцедентално, самосоздадено и надвор од секаква конкуренција, заштитник на сиромашните и централно битие што се однесува на личната набожност.

Неговото влијание стигнало толку далеку што египетската религија во еден момент станала праткично монотеистичка, бидејќи сите останати богови биле третирани како манифестации на Амон.