Home Актуелно Сите борчлии на едно место: УЈП ја објави најновата листа со даночни должници

Сите борчлии на едно место: УЈП ја објави најновата листа со даночни должници

УЈП ја објави најновата листа со должници кон неа во која се вбројуваат фирми и физички лица, заклучно со 31.06.2018 година.

Вкупно 164,7 милиони евра е вкупниот долг на граѓаните и на фирмите кои се на листата на најголеми должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица.

Во јули вкупниот долг е за 1,5 милиони евра поголем ако се спореди со претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 162 милиони евра, додека за царински давачки е 2,2 милиони евра.

На оваа листа се долгови кои се доспеани до крајот на март. Фирмите должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, но и за придонеси.

Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра. Но должници се и јавни и комунални претпријатија. ЈП Македонска радиотелевизија должи на пример 1,6 милиони евра.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…