Бомба од Италија: Мендеш го носи Милинковиќ – Савиќ во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако го комплетираше трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус, сега супер-агентот Жорге Мендеш работи на уште еден трансфер од 100 милиони евра.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Реал подготвува понуда од 100 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио, а токму Жорге Мендеш работи на трансферот.

„Скај Италија“ пренесува дкеа Португалецот во претходните денови при усогласување на последните детали околу транферот на Роналдо започнал разговори со Реал околу Сергеј и добил сигнал дека „кралевите“ се заинтересирани.

Покрај Реал Мадрид, за Србинот интерес пројавуваат и Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона и Јувентус, а Лацио за неговата слобода бара 150 милиони евра.

Меѓутоа никој од заинтересираните клубови не е спремен да плати толкава сума, па Мендеш работи да го договори трансферот за 100 милиони евра.