Home Актуелно Прилепчанец обвинет за полов напад на малолетничка

Прилепчанец обвинет за полов напад на малолетничка

Прилепското Основно јавно обвинителство донесе одредба за спроведување истражна постапка против осомниченото лице кое е на возраст од 69 години, за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое дело е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.

Кривичниот настан се случил вчера во претпладневните часови. Осомничениот бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата е веднаш постапено и сторителот е лишен од слобода.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Прилеп достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…