Home Вебкафе Синиша од Мијајловац остава во наследство 2 куќи и разработен бизнис за семејство кое ќе ги исполни овие два услови

Синиша од Мијајловац остава во наследство 2 куќи и разработен бизнис за семејство кое ќе ги исполни овие два услови

Дедо Синиша Стевиќ од српското село Мијајловац лоцирано во близина на Великo Градиште, со децении е еден од најпознатите столари во овој дел на Србија. Стотина дрвени производи излегле од неговата вешта рака, а напорната работа и уште потешкиот живот го обележале неговиот животен век.

Денес, тој е во осмата деценија од животот и својата старост ја живее сосема сам. Сепак, овој врвен мајстор решил да биде хуман и да даде сè што стекнал во текот на својот живот на семејство кое би се доселило да живее со него.

– На мојата крстна слава, Свети Тома, сам запалив свеќа и го преселов колачот, како минуваат деновите сè помалку можам да се движам и да работам, затоа не би сакал остатокот од животот да го поминам сам. Жена ми, која почина, и јас не можевме да имаме деца и затоа сè што имам и сè што сум стекнал би го дал на некое чесно семејство кое би живеело со мене во заедница, а по мојата смрт сè би наследило – вели Синиша за РИНA.

А, она што го има овој човек воопшто не е малку, бидејќи во неговиот двор има две куќи и столарска работилница што се простира на дури 540 метри квадратни и е опремена со современи машини.

Вложив сè во мојот бизнис и го проширив производството. На луѓето што ќе дојдат им останува да продолжат да работат, и ако даде Бог, уште повеќе да ја прошират дејноста, ги имаат сите услови за тоа. Дури и јас планирав да ја надоградам фабриката на над 1000 метри квадратни, но веќе сум стар и немам сила, но затоа сум тука да им помогнам на оние што сакаат и можат да работат – вели овој столар.

Меѓутоа, за некој да го наследи и да го добие овој необичен подарок од Синиша, тој мора да исполни два услови.

-Семејството да е чесно и да ја продолжи семејната слава. Тоа е единственото нешто што го барам за возврат, од оние кои ќе решат да живеат со мене и кои ќе добијат сè што сум стекнал со напорна работа – вели тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …