Симболични 100 евра за Кина од сиромашните Коморски Острови за борба против коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Симболична финансиска донација од 100 евра беше врачена на кинескиот амбасадор од страна на малата островска држава Комори, за да помогне во борбата против ширењето на коронавирусот.

Церемонијата за предавање на донацијата се одржа во главниот град Морони на почетокот на јануари, но за тоа локалните медиуми објавија во последниве денови.

Делегација предводена од Ахамад Мса М’лива му врачи симболична сума од 100 евра на кинескиот амбасадор за набавка на заштитни маски.

„Ние го знаеме капацитетот на Кина, овој симболичен гест е всушност показател колку Комори е загрижена поради епидемијата“ – рече М’лива.

Тој ги пофали кинеските власти поради одличната комуникација и соработка со меѓународните организации во борбата против ширењето на коронавирусот.

Комори е островска држава во јужна Африка. Се наоѓа во Мозамбискиот канал меѓу островот Мадагаскар и африканското копно.