Home Актуелно Силно невреме во Јужен Тирол корнеше мостови (снимка)

Силно невреме во Јужен Тирол корнеше мостови (снимка)

Обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер го погодија италијанскиот регион Јужен Тирол и австрискиот дел долж границата, нанесувајќи штета, соопштија властите, додека во текот на денот започнаа работите за расчистување.

Помали мостови беа однесени во кратко, но силно невреме, а одрон е забележан и под превојот Гардена во Доломитите во североисточна Италија.

Потоците во општината Оланг во близина на границата со Австрија надојдоа, а однесени се и неколку дрвени мостови.

Локалните противпожарни служби известија дека патиштата се блокирани од кал.

Видеата на социјалните мрежи прикажаа три моста однесени од водата на потокот Фуркелбах кој се излеа од коритото.

Одронот на 3 километри под превојот Гардена здроби неколку паркирани автомобили.

Нема извештаи за повредени.

Во долината Пустер за два часа се забележани 50 литри дожд на метар квадратен и 500 молњи, објави метеорологот Дитер Петерлин на Твитер.

Тој предвиде нови бури за вторник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …