Home Актуелно Си поднесе оставка главниот британски епидемиолог – ја викнал дома мажената љубовинца

Си поднесе оставка главниот британски епидемиолог – ја викнал дома мажената љубовинца

Главниот советник за епидемиолошки ситуации на владата на Велика Британија, епидемиологот Нил Фергусон, на кој неодамна му беше дијагностициран Ковид-19, си поднесе оставка на функцијата откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка.

Како што пренесува британски Телеграф, професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон строгите мерки за социјална изолација ѝ дозволил на својата љубовна партнерка, која инаку е во брак, да го посети во неговиот дом. Таа до кај него патувала од другиот крај на градот.

Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.

-Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели. Длабоко жалам какво било поткопување на јасните пораки дека за да се контролира епидемијата е потребно физичко растојание. Владините упатства се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас, изјавил Фергусон.

Тој стана еден од најистакнатите членови на SAGE, а кој=н средината на март предупреди дека 250.000 може да умрат ако Велика Британија не ги примени мерките за физичка дистанца меѓу луѓето, наведува Скај њуз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…