Шварци му порача на Трамп: „Избери иднина, бидејќи никој не може да се врати во минатото освен…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арнолд Шварценегер, познатиот актер и политичар кој во два мандати, меѓу 2003 и 2011 година беше гувернер на Калифорнија, остро и аргументирано го нападна претседателот Доналд Трамп, поради напуштањето на Парискиот договор за климатските промени.

Популарниот „Терминатор“ во моќната видео порака говори за климатските промени, нагласувајќи дека еден човек не може да ја спречи и запре револуцијата на чистата енергија или да го уништи постигнатиот напредок, шеговито дофрлувајќи му дека никој не може да се врати во минатото, освен самиот тој (Терминатор).

„Прва задача на претседателот мора да биде заштита на луѓето, а 200.000 луѓе во САД секоја година умираат од загадување. Господине претседателе, изберете иднина. Никој не се сеќава на луѓето кои на претседателот Кенеди му рекоа дека не би требало да праќа луѓе на Месечината. Се сеќаваме само на големите лидери. Големите лидери не одат назад во минатото, туку напред во иднината“, му порача Шварци на Трамп.