Home Шоубизнис ШВАРЦЕНЕГЕР КАКО БЕЗДОМНИК: „Времињата се менуваат!“

ШВАРЦЕНЕГЕР КАКО БЕЗДОМНИК: „Времињата се менуваат!“

Славниот актер Арнолд Шварценегер објави своја слика како спие на среде улица, под својата бронзена статуа со реченицата „Времињата се менуваат“.

Причината за ваквиот гест е интересна. Како гувернер на Калифорнија, Шварценегер го отвори хотелот пред кој се наоѓа неговата статуа, а тогаш сопствениците и менаџментот му рекле: „Кога и да дојдете во нашиот хотел, ве чека соба резервирана на ваше име“.

Кога актерот ја напушти политиката, дошол во хотелот да преспие, но менаџментот одбиле да му дадат соба, правдајќи се дека се` е резервирано. Затоа, зел вреќа за спиење и легнал под својата статуа.

Шварценегер сака да пренесе порака дека кога бил на одредена општествена позиција, луѓето го воспевале и му се додворувале, а сега кога веќе не е на таа позиција, заборавиле за сите работи кои му ги кажале.

„Да, времињата навистина се менуваат. Никогаш не верувајте и на вашата општествена позиција, на работодавецот и на моќта на вашиот ум. Ништо од тоа не трае вечно“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …