Швајцарија и оваа година на тронот за иновативност во светски рамки – еве каде сме ние


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според Индексот на глобални иновации и оваа година Швајцарија е прогласена за најиновативна земја на светот, со што оваа економска сила уште еднаш ја потврди својата доминација во оваа сфера.

Овогодинешниот иновациски индекс, што ја мери состојбата на иновации во светот од година во година, опфаќа 129 земји. После Швајцарија, на второ и трето место се Шведска и САД.

За позиционирање, авторите оценуваат институции, човечки капитал и истражувањата, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето/технологијата и креативниот ефект на набљудуваните земји.

Во однос на земјите од регионот, Хрватска е рангирана на 44-то место, Црна Гора 45, Македонија 59, БиХ 76 и Албанија 83.

Кина (14 место) е единствената земја со средно висок доход што е во 20 најиновативни, додека Индија (52 место) се смета за земја која од 2011 година го зазема првото место меѓу земјите од Централна и Јужна Азија (делумно благодарение на извозот на ИКТ услуги и дипломирани студенти по инженерство и природни науки).

Општ заклучок на извештајот е дека светот е под влијание на економското забавување на средниот интензитет како резултат на ослабениот економски раст, рекордно низок раст на продуктивноста и економска несигурност.

Од друга страна, светот изобилува со иновации, и во развиените и во земјите во развој.