Комисиската расправа за пописот повторно одложена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја прекина денешната комисиска седница, откако претставниците во истата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа пописот да биде симнат како точка од комисискито дневен ред.

Претходно на барање на Груби мнозинството членови го утврдија дневниот ред вклучително со Законот за попис, но за оваа точка расправата ќе продолжи, како што рече Груби, по политичките консултации.

Како што е познато, Законот за попис на населението е владин предлог со кој во посебна графа се дозволува и евидентирање на иселниците и тоа преку матични броеви. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото решение поради што пред две недели се формирани и меѓупартиски работни групи меѓу власта и опозицијата. Засега нема исход од преговорите.

– Бараме Закон за попис согласно препораките на европските и меѓународните стандарди за попис на неризидентно население. Бараме да се спроведат пописи како што се спроведуваат во Австрија, Германија, Франција – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.