Home Шоубизнис Што јаде и што пие кафаната – господин О’Нил чести

Што јаде и што пие кафаната – господин О’Нил чести

Предминатиот викенд, во неделата, во еден њујоршки клуб некој ги платил сите можни сметки во вкупен износ над 25.000 доари, а според „Пејџ Сикс“ тоа го сторил славниот поранешен НБА кошаркар Шекил О`Нил.

За него се вели дека е човек што сака да ги прави луѓето среќни и тоа му успева.

Четирикраниот НБА шампион ги платил сметките од 40 маси, колку што имало гости, во вкупен износ од над 25.000 долари. Според американските медиуми, тоа го сторил додека бил на вечера со непозната жена.

Потоа ги честел вечера и келнерите, кои инаку го добиле најголемиот бакшиш кој некој им го оставил.

50-годишниот Шек е разведен и е татко на пет деца, а неговото богатство се проценува на околу 400 милиони долари.

Првите три НБА титули ги освои со Лос Анџелес Лејкерс 2000, 2001 и 2002-ра, а четвртата со Мајами Хит во 2006-та.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …