Home Шоубизнис Штама од Пјонгјанг – што се случува со Ким Јонг-ун?

Штама од Пјонгјанг – што се случува со Ким Јонг-ун?

Пјонгјанг останува во молк после масовните и насекаде раширени шпекулации за наводно влошената здравствена состојба на нивниот лидер Ким Јонг-ун.

Дел од светските медиуми објавија дека Ким е во кома откако на 12 април му беше извршена операција на срцето, додека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека севернокорејскиот лидер починал.

Јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба“ по операцијата на срцето, која му беше направена на почетокот на месецот. Според информациите на одделни медиуми, на почетокот на месецов на Ким нагло му се слошило, по што итно бил пренесен во болница на реанимација, а набргу потоа му била извршена и операција на срцето.

Претходно се појавија многу шпекулации за тоа каде се наоѓа Ким Јонг-ун. Имаше сомневања дека го напуштил Пјонгјанг поради коронавирусот.

Ким Јонг-ун стана лидер на Северна Кореја по смртта на неговиот татко Ким Јонг-ил, кој почина во декември 2011 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …