Пешачи три години и поминал 14.000 километри – сега „заглави“ на зафрлен шкотски остров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британецот Кристијан Луис, кој во 2017 година решил да се впушти во потфат за пропешачување на секоја педа од британскиот брег со цел да собере пари за добротворни цели, по тригодишно патешествие и изминати околу 14.000 километри, заради пандемијата на коронавирусот, заглави на зафрлен шкотски остров.

На своето добротворно патување Луис тргнал летото 2017 година од неговиот роден град Свонси, јужен Велс. Тој едвај имал 12 фунти во џебот, а друштво му прави кучето Џет. Ограничувањата во движењето, воведени од британската влада во март за да се спречи ширењето на смртоносниот вирус, го затекнаа на оддалечен шкотски остров Шетланд.

Бидејќи немал семејство за да се врати, и со само мал шатор кој бил слаба заштита во еден од најстудените и навејтровити делови од земјата, можел да има сериозни проблеми, но благодарение на добронамерноста на мештаните од околните острови , се нашол на едно од најбезбедните места за изолација на целата планета – колиба на пуст остров.

„Да барав, немаше да пронајдам подобро место за самоизолација од ова. Тука нема ништо друго освен стадо овци и јато птици “, рече тој за Си-Ен-Ен.

Островот на кој се самоизолирал се наоѓа во архипелагот Скаловеј со површина од неколку километри и е напуштен од крајот на 19 век.

Водата му ја доставува локалниот рибар Виктор и се храни со бобинки што растат наоколу. Кога му снемува храна, тој со чамец скокнува во продавницата на островот Шетланд.

„Потребни се половина час за да стигнеме до Шетланд, но морето е немирно во тој дел од земјата, па затоа мора внимателно да го избереме вистинското време за да пазаруваме“, вели тој.

Ова патување во Велс започна на 1 август 2017 година на плажата Лангнит во близина на родниот град Свонси и се упати кон западниот брег на Шкотска.