Home Спорт Шпанците тврдат: Модриќ ја одбил понудата на Реал Мадрид!

Шпанците тврдат: Модриќ ја одбил понудата на Реал Мадрид!

Годината која изминува помина во знакот на Лука Модриќ. Фубдалерот на Реал Мадрид ги собра буквално сите индивидуални награди, вклучително и „Златната топка“.

Меѓутоа, иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид е неизвесна. Шпанските медиуми пренесуваат дека 33-годишниот плејмејкер ја одбил понудата на „кралевите“ за продолжување на договорот.

Договорот на Хрватот истекува во 2020 година, па ако до крајот на сезоната двете страни не постигнат договор, на лето Модриќ сигурно ќе ја промени средината.

Интер е најсериозен кандидат за неговиот потпис и му нуди договор од 10 милиони евра по сезона, плус последните две години од кариерата да ги одигра во Кина, во тимот на Сунинг, каде уште повеќе ќе ја зголеми банкарската сметка.

https://twitter.com/lukamodric10/status/1077539552078807040

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…