Home Шоубизнис „Шошана“ стана турбо-фолк химна на Вардар

„Шошана“ стана турбо-фолк химна на Вардар

Фолк пејачот Влатко Алексовски сметаше дека ракометниот европски првак Вардар е достоен да му ја препее познатата фолк песна „Шошана“ во своевидна химна на клубот – од него за шампионот.

Познатата мелодија од песната „Шошана” која навивачите на црвено-црните долго време ја користат за една од своите навивачки песни, сега ја преработи и фолк пејачот од Крива Паланка, Влатко Алексовски.

Песната „Шошана” сега е актуелна во Бугарија, но таа потекнува уште од 1955 година, оригиналната верзија е од Израел на пејачката Миријам Авигал. А пред да ја откријат Бугарите, во меѓувреме таа е изведувана на шпански, англиски и други јазици. Ја има и во неколку верзии на српски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …