Home Вебкафе Шокантни сцени: Мечка нападна ловец во Канада (видео)

Шокантни сцени: Мечка нападна ловец во Канада (видео)

Ричард Весли од Хартс во Канада бил на лов, кога на далечина од 30 метри здогледал црвена мечка, а од видеото може да се забележи дека таа на почеток не го забележува него.

Меѓутоа во еден момент го здогледува ловџијата и веднаш се затрчува накај него. Весли се обидел да ја исплаши мечката со викање, но безуспешно. Мечката скокнала врз него.

Ловџијата, за среќа, успеа да се одбрани со лакот кој што го имаше, а во еден момент тој ја испушта камерата која што продолжува да снима.

На крајот, ја зема камерата и успева да побегне од големиот предатор.

– Многу сум среќен што излегов жив од целата приказна. Поминав без повреди, освен неколку модрици на лактот. Овој настан е само доказ дека црните мечки се диви и непредвидливи животни, изјави Весли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…