Home Актуелно Шокантни информации: Што се случило на исчезнатата подморница Сан Хуан?

Шокантни информации: Што се случило на исчезнатата подморница Сан Хуан?

Аргентинската подморница која исчезна во јужните води на Атлантикот на 15 ноември, пред да се изгуби од радио врската пријавила пожар на батериите, соопштија во понеденикот од аргентинската морнарица.

Краткиот спој предизвикал чад без оган и пожарот бил угасен, изјави портпаролот на морнарицата Енрике Балби на пресконференцијата за новинари која беше емитувана во живо.

Балби ја отфрли можноста за напад, но предупреди дека краткиот спој или пожарот можел рапидно да ги намали количествата на кислород во подморницата ARA San Juan, на која се наоѓаше 44-член екипаж.

Подморницата последен пат извести за својата положба во близина на јужниот аргентински брег, патувајќи од пристаништето Ушуаја кон базата во Мар дел Плати.

Меѓународната организација Договор за сеопфатна забрана на нукелари проби (CTBTO) извести дека минатата недела имало експлозија недалеку од заливот Сан Хорхе, на 430 километри од брегот и на 1.300 километри јужно од Буенос Аирес.

Членовите на семејствата од екипажот на веста за експлозијата реагираа со обвинувања дека морнарицата ги игнорирала техничките проблеми со подморницата. Потрагата по подморницата, во меѓувреме, продолжува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…