Home Вебкафе Шокантни хорор сцени: Таа прави селфи, а тој се дави (видео)

Шокантни хорор сцени: Таа прави селфи, а тој се дави (видео)

Едно од најегзотичните места во светот, водопадите Макензи во Австралија, стана сцена за една од најшокантните сцени кои биле фатени на камера.

Анека Бадинг сакала да го овековечи моментот на идила без да помисли дека токму тој момент ќе ја прогонува цел живот.

Насмевката и уживањето набрзо беа заменети со панија бидејќи Анека по селфито во позадина забележа општ метеж.

„Слушнав вресок. Кога се завртев, по движењето на момчињата од карпата, помислив дека има некое опасно животно во водата. Тогаш некоја девојка ми го зеде селфи стапот од рака за да му помогне на несреќното момче што се давеше во вода“, рече таа.

Се утврди дека еден млад Тајванец (28) се лизнал од карпата и паднал во вода. Притисокот бил премногу силен за да изнурка и да излезе на површината.

И покрај надчовечките напори на сите околу неа, туристката неколку секунди подоцна стана свесна дека покрај својот најубав момент во вода овековечи и хорор сцена.

На момчето му немаше спас, а младата туристка се согласи својата слика да ја даде во локалната полиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…