Home Вебкафе Шокантна сцена: Морски лав гризна девојче и го повлече во водата (видео)

Шокантна сцена: Морски лав гризна девојче и го повлече во водата (видео)

Морски лав на пристаниште во Канада гризна и одвлече едно девојче во водата, откако изрипа од истата и несреќното девојче го повлече за фустанот, пренесуваат светските медиуми.

Инцидентот се случи во саботата, во предградието на Ванкувер, а сето тоа со камера го сними студентот Мајкл Фуџимара. Морскиот лав ги забавувал туристите на пристаништето, а некои од нив почнале да го хранат животното со лебни трошки, пренесува СВЅ.

Девојчето седело на ѕидот директно над морскиот лав кој барал храна, после што тој го повлекол девојчето за фустанот и го одвлекол во водата. Непознат човек рипна во водата и го извлече девојчето кое, за среќа, помина без повреди во инцидентот. Според експертот за морски цицачи, Андру Тритс, морскиот лав најверојатно помислил дека фустанот од девојчето е храна и затоа го повлекол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…