Home Актуелно Заев во Тетово: Почнуваат преговорите за поделба на ресорите!

Заев во Тетово: Почнуваат преговорите за поделба на ресорите!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со лидерот на ДР ДПА, Зијадин Села во Тетово, изјави дека е задоволен како течат преговорите за состав на новата влада и дека уште утре ќе почнат подетално да разговараат за поделба на ресорите.

Заев за ТВ21 изјави дека со сите партии се преговара, дека првите чекори се направени и додава дека очекува до крајот на неделата да биде постигнат договор со што ќе можат да го известат Собранието за составот на новиот владин кабинет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…