Над 2.000 долари за еден: Рекордна вредноста на криптовалутата Биткоин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Криптовалутата Bitcoin успеа да ја пробие границата од 2.000 долари по единица, што претставува одлична индикација за оваа парична форма.

Најпопуларната криптовалута на светот постигна историски успех, бидејќи вредноста на Bitcoin-от неодамна успеа да прејде 2.000 долари по единица, за прв пат во историјата на своето постоење.

Моментално, Bitcoin криптовалутата се проценува на 2.177 долари, што може да се следи на CoinDesk Bitcoin Price Index (BPI) веб страницата. Ова ја става вредноста на сите Bitcoin криптомонети моментално на пазарот на околу 33.08 милијарди. Моменталната залиха на Bitcoin изнесува 16.343.288.