Шкендија го растури Работнички, Вардар потфрли во Автокоманда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со четирите натпревари кои се одиграа вчера се комплетираше петтото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Колото го обележа ремито на Вардар во Автокоманда кај Скопје (1:1) и убедливиот гостински триумф на Шкендија над Работнички (6:2). „Романтичарите“ од седмата минута играа со играч помалку, што само им ја олесни работата на фудбалерите на Шкендија.

Резултати, 5.коло:

Силекс – Шкупи 0-1
Стојкоски 45

Победа – Академија Пандев 2-2
Илијовски 41, Шаркоски 84 – Дориев 20, Грифони 55

Скопје – Вардар 1-1
Џугурдиќ 36 – Фелипе 27, црвен картон Грнчаров 51

Работнички – Шкендија 2-6
Маркоски 38 п., Џофри 53, црвен картон Дурански 7 – Хасани 8 п.,74, Илиев 16 аг., Тодоровски 34, Алими 56, Шефити 83

Сабота:

Ренова – Пелистер 1-0 (0-0)
Мишковски 66

Табела, 5.коло: 1. Шкендија 13 бода, 2. Пелистер 8, 3. Академија Пандев 8, 4. Вардар (-1) 7, 5. Шкупи 7, 6. Силекс 6, 7. Ренова 5, 8. Победа 5, 9. Скопје 3, 10. Работнички (-1) 2.