Home Наука и техонологија Шестчасовниот „пад“ на Фејсбук и Инстаграм му донесе 70 милиони нови корисници на Телеграм

Шестчасовниот „пад“ на Фејсбук и Инстаграм му донесе 70 милиони нови корисници на Телеграм

Шестчасовната блокада на Фејсбук и услугите за пораки, како што се WhatsApp, Instagram и Messenger, резултираше со над 70 милиони нови корисници на апликацијата Телеграм, изјави нејзиниот основач Павел Дуров.

Фејсбук ја припишува блокадата на „погрешна промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до услугите на WhatsApp, Instagram и Messenger. Проблемот предизвика глобален пад на системот кој траеше повеќе од шест часа.

„Дневната стапка на раст на Телеграм ги надмина сите очекувања. Ги пречекавме бегалците од другите платформи, над 70 милиони од нив за еден ден”, напишал Дуров на својот канал на Телеграм.

Тој додал дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале мали потешкотии, бидејќи милиони луѓе во исто време брзале кон Телеграм, апликација за текстуални и мултимедијални пораки на уреди со Android, iOS и Windows, но услугата обично функционира добро за повеќето корисници.

Русија соопшти дека инцидентот покажал дека Москва била во право кога развила свои суверени интернет платформи и социјални мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…