Home Актуелно Шест метра дистанца и за Шолц на средбата со Путин откако Германецот одби руски ПЦР тест за Ковид-19

Шест метра дистанца и за Шолц на средбата со Путин откако Германецот одби руски ПЦР тест за Ковид-19

Претседателот на Русија Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц го седна на крајот од шест метри долгата масат на денешната средба во Кремљ, посветена на разговорите за украинската криза, истата позиција што му ја додели и на францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела, откако одби да се тестира со руски тест против коронавирус, јави ДПА.

Белата маса, со стакло на горната површина и со цветни мотиви стана меме на интернет, откако беа објавени слики од разговорите на Макрон со рускиот лидер.

Како и Макрон, и Шолц денеска одби пред разговорите да направи руски ПЦР тест за коронавирус, а место тоа, се одлучи за тест што ќе го спроведе лекар од германската амбасада во неговиот авион по слетувањето, пред тој воопшто да се симне.

Затоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека социјалното дистанцирање меѓу германскиот и рускиот лидер ќе мора да биде поголемо од вообичаеното.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…