Пале од Велес ослободена од обвинението за убиство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Велешкиот кривичен суд ја ослободи Пале Илоска од обвинение за убиството на својот поранешен партнер Александар Ристовски, пресуди Велешкиот кривичен суд. Таа се гонеше за кривично дело „убиство во миг“.

Пале вчера кажа дека не се чувствува виновна, бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Овој случај ги потресе граѓаните откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен невенчан сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

На 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.

Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.