Home Шоубизнис Шекил О’Нил и Викторија Бекам се новиот славен „тандем“

Шекил О’Нил и Викторија Бекам се новиот славен „тандем“

Во очи претставувањето на нејзината нова модна колекција во соработка со Reebok, веќе етаблираната и славна дизајнерка Викторија Бекам реши да направи неколку шеговити тандемски фотки со славниот кошаркар Шекил О’Нил.

Разликата во сантиметрите во нивната висина овој пат особено дошла до израз. Кошаркарската легенда О’Нил кој пред седум години се прости од професионалната кариера се уште е вистинска сензација каде и да се појави.

На својот Инстаграм профил Викторија објави неколку урнебесни фотографии со кошаркарот кои станаа вистински хит за брзо време.

Висинската разлика меѓу неа и О’Нил изнесува 53 сантиметри, па поради тоа и двајцата одлучиле малку да се пошегуваат. Викторија застанала на дрвена кутија, но со своите 163 сантиметри ниту тогаш не успеала да ги достигне 216-те сантиметри на О’Нил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Што е „бавна убавина“ и зошто генерацијата З се откажува од негата во 10 чекори?

По години испробување популарни серуми и трикови од Тикток, младите што ја претворија нега…