Шарлиз Терон сака од „сингл“ да премине во „зафатена“ – за тоа бара момче со брада


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За британскиот медиум „The Sun“ славната холивудска актерка и оскаровка, Шарлиз Терон, изјави дека бара дечко со густа брада со кој конечно ќе го смени својот љубовен статус од „сингл“ во „зафатена“.

43-годишната актерка истакнала дека сè уште е сама кога станува збор за љубовниот живот, иако голем број таблоиди тврдат дека е во врска со пејачот Сил.

„Јас донесов свесна одлука да бидам сингл, бидејќи сакав да се посветам на одгледувањето на моите деца“ – рекла убавата актерка, која неодамна откри дека посвоениот син го одгледува како девојче, бидејќи тој така се изјаснил кога имал само три години.

„Веќе со години сум сама. Некој мора да направи чекор. Изненадувачки сум достапна. Почнав да се отворам на емотивен план за да ја пронајдам љубовта на мојот живот“, открила убавата Терон.

„Сега го променив мислењето, сакам врска. Мојот идеален маж треба да знае да ме насмее и да има брада. Сакам добар човек, кој има убава брада или може да ја пушти. Не сакам некој тип на кого брадата му расте во печати, јас сакам вистинска брада“, рекла таа.