Серхио Рамос израмни рекорд на Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол синоќа во натпревар од 11-то коло од Примера против Леганес.

Рамос постигна гол 16-та сезона по ред во Ла лига и со тоа го повтори рекордот на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси кој исто така ги погодувал противничките мрежи 16 сезони во низа.

Серијата на Рамос започна уште во сезоната 2004/05 кога играше во дресот на Севиља. Капитенот на Реал веќе има постигнато 62 гола во 468 меча во Примера, што е исклучително достигнување за дефанзивец.

Меси исто така започна да ја пишува богатата историја за Барселона во сезоната 2004/05 и од тој момент Аргентинецот има 423 гола во 457 меча во Примера.

Ова е втор значаен рекорд на Рамос овој месец, откако неодамна го подобри рекордот на Икер Касиљас по бројот на настапи во шпанската репрезентација.