Home Актуелно Сепак ги пратиле: Во Правда ги најдоа амандманите поднесени од опозицијата

Сепак ги пратиле: Во Правда ги најдоа амандманите поднесени од опозицијата

Амандманите за кои лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во вчерашниот дуел тврдеше дека партијата ги испратила до Министерството за Правда, биле лоцирани од ресорното министерство дури по завршувањето на ТВ дуелот.

„Вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот пристигнаа амандманите до министерката Дескоска“, е изјавата која за МИА ја соопштиле утрово од Министерството за правда. Дуелот заврши во 21 часот.

Но, адвокатот Тони Менкиноски од правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ кој е дел од работните групи кои работат на Законот за јавно обвинителство, вчера прати слика како доказ дека амандманите биле испратени во 16:19 минути.

„Мистеријата“ околу испраќањето и примањето на амандманите не е решена, но фактичката состојба е дека амандманите се поднесени и Дескоска ги примила. Останува да се види дали истите ќе бидат усвоени.

Вчера во тв дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Зоран Заев да ги прифати амандманите, за да не го кочи интегративниот пат на Македонија кон ЕУ.

Заев најави дека ако ВМРО-ДПМНЕ не се согласи со власта за Законот за јавно обвинителство, „државата ќе најде начин како тоа да го реши“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…