Home Актуелно Семејствата на дел од учениците кои беа убиени во масакрот во „Владислав Рибникар“ ги тужат училиштето и државата

Семејствата на дел од учениците кои беа убиени во масакрот во „Владислав Рибникар“ ги тужат училиштето и државата

Семејство на едно дете убиено во мајскиот масакар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, поднело тужба против државата Србија, додека друго го тужи и училиштето во кое се случи масовното убиство.

Членови на семејствата на децата убиени во тоа училиште поднеле приватна тужба против 14-годишното момче убиец К.К. и неговите родители за надомест на нематеријална штета, објавија српски медиуми.

Порталот Нова наведува дека едно семејство ја тужи државата, а друго и училиштето.

Има вкупно 27 тужители.

Ученикот на училиштето К.К. на 3 мај уби осум девојчиња, едно момче и службеник на обезбедувањето, а рани пет ученици и наставничка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…