Селин Дион со изведбата My Heart Will Go On ги засени сите на Billboard Music Awards


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со својата изведба на хитот My Heart Will Go On која одбележа 20 години од издавањето во рамки на саундтракот за филмот Titanic, Селин Дион ги засени сите останати учесници на Billboard Music Awards и ги импресионираше присутните и публиката.

На сцената се појави во прекрасен бел фустан со декорирани ракави, а над неа беше поставен огромен лустер украсен со дијаманти. Уште на почетокот на песната ги предизвика емоциите кај публиката, а многумина и ги расплака.

Факт е дека овој хит на Селин е и нејзин најпродаван сингл во кариерата и после 20 години поминати на сцената и изведувањето на истиот и ден денес предизвикува бура од емоции и солзи кај публиката.